Вчера во Тетово, Штип и Гостивар повеќе оздравени од заболени пациенти од коронавирусот

13

Вчерашните бројки на новозаболени и оздравени пациенти на Министерството за здравство покажаа дека во Тетово, едно од наголемите жаришта во Македонија се регистрирани 30 оздравени пациенти, а имало 22 новозаболени.

И вчера бројката на новозаболени лица од коронавирусот во Македонија беше висока – 176, а оздравени беа 80 пациенти.

Во Штип вчера биле регистрирани 18 оздравени пациенти, а новозаболени 14. И во Гостивар има 8 оздравени и седум новозаразени лица од ковид-19. Во Кочани вчера имаше поголема бројка на оздравени – 8, а само еден новозаразен.

Во најголемото жариште – Скопје вчера имаше 61 новозаболен, а оздравени само петмина и дури седуммина починати.

И во Струга вчера имаше 19 новозаболени, ниту еден оздравен и еден починат.