Вчера се вакцинирале 12 211 граѓани

18

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 196.119 граѓани. Од почетокот на вакцинацијата, вкупно се аплицирани 232.485 дози вакцини, од кои 36.366 граѓани се ревакцинирани.

Вчера, прва доза вакцина примиле 9.711 лица, а со оние граѓани кои примиле и ревакцина, вкупно се вакцинирале 12.211 во текот на вчерашниот ден.

Со последните бројки 44% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 36% од населението над 65 години и 30 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација, велат од Министерството за здравство и се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 384.706 граѓани.

Граѓаните немаат право на избор со која вакцина против ковид-19 сакаат да се вакцинираат.