Вчера се вакцинирале 14.525 граѓани

3

Министерот Венко Филипче информира дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Досега вкупно се аплицирани 557.400 дози вакцини, а ревакцинирани се 223.014 граѓани.

-Вчера вкупно се вакцинирале 14.525 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 12.409 граѓани.
Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 472.159 граѓани, информира министерот.

Тој сподели и статистика според која, соо последните бројки 52% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 49% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина, а 43% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина.