В петок средба Пендаровски-Мицкоски

6

Претседателот Стево Пендаровски в петок ќе има средба со претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, брифираат извори од партијата.

Средбата е договорена за време на денешниот телефонски разговор, на барање на Мицкоски.

Според најавите, на средбата в петок ќе се разговара за актуелната политичко-економска ситуација во државата, но и за изјавата на Пендаровски за настаните од 27 април и дека луѓето кои влегле тогаш во Собранието не се терористи.

Во телефонскиот разговор денеска Пендаровски и Мицкоски заклучиле дека е потребно да има дијалог.

Инаку Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ пред неколку месеци прекинаа секаква комуникација со Пендаровски.