Газпром: Испораките на руски гас во Европа ќе се намалат речиси на половина

5

Газпром најави се дека испораките на руски природен гас преку магистралниот гасовод до Европа ќе паднат за речиси 40 отсто оваа година.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Причината за тоа, меѓу другото се и канадските санкции против Русија поради инвазијата на Украина, поради кои германскиот партнер на Газпром, Сименс енерџи, не смее да испорача ремонтираната опрема, пренесува Бета.

Европската унија веќе ги претстави плановите за намалување на зависноста од рускиот гас за две третини до крајот на годината. Економистите велат дека целосното затворање ќе нанесе сериозен удар врз економијата, потрошувачите и индустриите што користат гас.

Високите цени на енергијата веќе придонесуваат за рекордна инфлација од 8,1 отсто во 19 земји кои го користат еврото.