ГАЛЕРИЈА: Дакис Јоану – човекот кој претвори цел остров во Грција во современ музеј

97

Во понеделникот кон крајот на јуни, по саемот на уметност во Базел, Швајцарија, колекционерот и милијардер Дакис Јоану ја закотви својата јахта во малото пристаниште на грчкиот остров Хидра. Надворешноста на јахтата е покриена со калеидоскопски дизајн – дело на Џеф Кунс, насловено „Виновен”

Таа ноќ, прошетав покрај брегот на островот Хидра – толку мал што автомобили не се дозволени – до уметничкиот простор што Џоану го создал на карпа, Deste Foundation Slaughterhouse, во објект кој некогаш се користел како кланица на овци и кози, за да го видам новото дело на Кики Смит, уметница од Њујорк.
Смит е само една од многуте уметници чии дела Јоану се собрал во 1980-тите, кога почнал да ја создава една од најголемите колекции на современа уметност: вкупно 1.500, многу од нив ремек-дела. Во 2004 година ArtReview го нарече најмоќниот колекционер во светот.
Годишната изложба во Кланицата се отвора некаде во периодот на летната краткоденица и привлекува познавачи на уметничкиот свет од различни места во светот. За многумина, тоа е работа, но лоцирањето на поставката на прекрасен грчки остров прави да се чувствувате како на одмор. Вообичаените костуми и фустани се заменети со лесна гардероба и костуми за на плажа.
И оваа година не беше поинаку. Кога пристигнав во кланицата “Десте” околу 21 часот, сонцето оставаше прекрасен портокалов сјај врз морето, колекционерот Френк Мур во маица без ракави зборуваше со дилерот на уметнички дела Мајк Иган од Њујоршката галерија Рамикен Крусибл, додека директорот на Музејот Витни, Адам Вајнберг беше во шорцеви и маица. Во еден момент, Маврицио Кателан, во кратки шорцеви, ја зграпчи камерата на фотографот и почна да ги снима локалните жители додека пиеја вино. Единствен исклучок беше Џефри Дејч облечен во целосен костум со јакна. И се шпекулираше дека ќе се појави и ќе зборува Кунс, најскапиот жив уметник.
И покрај тоа што организаторот беше колекционер и милијардер, вечерата не беше класично седење туку великодушна шведска маса со различни пити со месо и сосови од зеленчук. Сè беше превкусно. Беше отворено за секој кој во моментот е на островот. Беше топло, но имаше сладолед за десерт.
Јоану беш среде групата островјани, муабетеше со локалното население и нивните палави деца. Иако е колекционер милијрдер, тој е колекционер со тенденција кон дистанца од самиот концепт на собирање уметнички дела.
Всушност, тој не се нарекува колекционер. Вели дека е „анти-колекционер”.”Бев против собирањето”, ми рече Јоану, кратко запирајќи да поразговара во текот на вечерата. “Мислев дека е многу себична работа, да и го одземете делото на јавноста. Не го разбирав тоа, затоа го мразев”.
Има разигран аспект на личноста зад парите и влијанието во уметничкиот свет останува сокриен. На пример, во споредба со 600-метарските јахти во вредност од 600 милиони долари во сопственост на колекционери со помалку самосвест, јахтата на Јоану, „Виновен”, е долга само 115 метри – не е толку голема.

КОЛЕКЦИОНЕР НА УМЕТНИЦИ
Дакис Јоаноу е роден на Кипар како дете на татко индустријалец со градежни проекти низ цела Грција. Во 1974 година, по турската инвазија, татко му се преселил во Лондон, а потоа во Атина. Дотогаш, Јоану почнал да работи со својот татко, а нивната меѓународна мрежа на бизниси вклучувала хотели, недвижности и превоз на производи на Кока-Кола. Со бизнисот во подем, Јоану почнал да се движи во уметничкиот свет, но не како колекционер – помагал во изведба на настапите на Атенеум Интерконтинентал. Ова го натерало да ја основа Фондацијата Десте (deste е грчкиот збор за “изглед”), која ја лоцирал во Швајцарија, поради даночните политики.
Во Женева во раните 1980-ти, Аделина фон Фирстенберг, основачка на Центарот за современа уметност во Женева, го запознала Јоану со млад советник за уметност кој работел за Ситибанк, Џефри Деич. Младиот њујорчанец бил редовен посетител галериите во Ист вилиџ, а во 1985 година тој го однел Џоану во посета на галеријата на Мејер Вајсман.
Тоа била првата голема самостојна изложба на Џеф Кунс, кој за да ги финансира неговите скапи скулпторски експерименти работел на Вол Стрит. Јоану бил импресиониран од најсмелото од делата, од 1985 година: One Ball Total Equilibrium Tank (Spalding Dr. J 241 Series – првата од серијата пловечки кошаркарски топки. Побарал од Вејсман да му организира студиска посета, и откако зборувал со Кунс, го купил делото – за 2.700 долари или со 10 отсто попуст од цената што ја Кунс првично ја побарал – 3.000 долари.
Од тогаш, почна да купува повеќе, првенствено од пријателите на Кунс како Питер Хали, Ешли Бикертон и Хаим Стајнбах. Јоану развил политика на собирање дела само на уметници кои претходно ги запознал. И со развојот на неговиот основен бизнис во Атина, четириесет-и-нешто годишниот Јоану имал време да ги запознае уметниците од целиот свет, прво купувајќи од други во Ист Вилиџ, како што се 303, каде ги запознал и купил дека од Кристофер Вул, Роберт Гобер, Анет Лему и Мет Муликан.
Продолжил да купува уметнички дела со неверојатно темпо. Кога познатиот дилер Ентони Д’Офеј му го претставил Маурицио Кателан, почнал да го купува на големо, станувајќи близок пријател и соработник на италијанскиот концептуалист. Во 2003 на Венециското биенале се запознал со делата на Урс Фишер и брзо станал негов голем поддржувач. Неговите тековни опсесии вклучуваат уметници како Роберто Куоги и Каари Апсон.
-Некој рекол „Знаете, Дакис не е колекционер на уметнички дела, туку на уметници. И тоа е точно. Бидејќи навистина се приврзувам со уметниците. Станувам близок – ми рече.
ПРИФАЌАЊЕ НА КОНТРОВЕРЗНОСТА
Ми направија мала тура низ домот на Јоану во Атина. Апсон и Куоги доминираа во белиот атриум од мермер, каде ме пречекаа Јоану и неговата сопруга Лиета. Тој потоа ме однесе горе, покрај малите (****) на Дејвид Шригли и купатилата со актови на Јурген Телер покрај слики на Џош Смит. Во главната дневна соба стоеја два гигантски портрета од Џорџ Кондо на Јоану и Кателан. Сликите очигледно беше направена со љубов. На друга пак, Кателан, првосвештеникот од богохулењето, носи клерикален ремен.
Целата колекција е обележана со чувство на чудна духовитост, и подготвеност да се биде предмет на шега, ретко препознатлива кај типичните себецентрирани мега-колекционери. Имаше цртеж на кој Јоану е нацртан наопаку, од кураторот и уметник Франческо Бонами. Вратоврска на Јоану му паѓаше преку лицето. Имаше и цртан филм од Пабло Хелгера за крал на кој еден научник му покажал дијаграм на сончевиот систем, на што кралот одговорил: “Глупости! Секој знае дека сонцето се врти околу Дакис Јоану!”
И има дури и дело што се однесува на можеби највознемирувачката епизода во животот на Јоану како колекционер. Во 2010 година, имаше остри реакции поради фактот што на три спрата од New Museum поставена беше изложба на дела од збирката на Јоану, што се претпоставува дека ја зголемило нивната пазарна вредност, додека тој бил член на одборот на доверители на музејот. Кога дополнително било откриено дека тогашниот директор за специјалните изложби на музејот, Масимилијано Гиони, претходно работел за Јоану, а директорката на музејот, Лиза Филипс, му била блиска пријателка, “Њујорк тајмс” објави приказна што го поткопува шоуто како доказ за “затворениот круг на инсајдерите од уметноста”.
А сепак, скоро една деценија подоцна, се чини дека Јоану на целиот настан гледа со смеа. Не само што го купил, туку и на видно место го изложил, цртежот на Вилијам Повида How the New Museum Committed Suicide with Banality (2009): заслепувачкa иронија со аферата која ги сатиризираше различните играчи во скандалот и брутално ги мапираше сите нивни врски. Над ликот на Јоану има балон со текст: „Зошто да изградам свој простор во Њујорк кога веќе го финансирав Новиот музеј?”

ВРАЌАЊЕ ВО ГРЦИЈА
Додека Јоану ја градеше својата колекција, тој исто така го градеше статусот на Десте во Грција. Со години во културниот центар на кипарската амбасада во Атина се одржуваат емисии, но во 1998 година го отвори првиот постојан простор на „Десте” во поранешна фабрика за хартија во населбата Нео Физико, а подоцна се прошири во друга зграда во поранешна фабрика за чорапи .

Во 2008 година, Општината на островот Хидра му го додели просторот на поранешната кланица – Необичен избор за место за изложба на современа уметност.

„Често доаѓаме на Хидра и го гледав ова напуштено место на вода и добив идеја да направам нешто”, рече Јоану. „Започнав со специфичен концепт, да направам понуда на средовечен уметник да направи сериозен проект. Не помлад уметници кој експериментира туку зрел уметник, кој навистина се обидува да се поврзе со Хидра “.

„Тоа е кланица”, вели Кики Смит. „Ги гледате сите овие машини за убивање кози. И доколку направите нешто во просторот со таква енергија на физичка суровост, мора да одговорите на тоа”.

Кога одев кон кланицата „Дeсте”, видов дека Смит одговорила на уникатниот ентериер поставувајќи го делото директно во просторот каде што некогаш биле убивани животните. Таа рече дека се прилагодила на локацијата постепено, запознавајќи го островот две седмици пред отворањето, земајќи го предвид чувството дека островот делува како да е вон времето, место каде единствените расположлив „превоз” се магариња. Како резултат, делото се чинеше дека е совршено прилагодена на околината, но и одраз на склоноста на земјата за правење митови. Имаше железна сирена поставена на камен ѕид, каде што го чувале добитокот пред нивната смрт. Мали свеќи беа запалени во метални ламби на поголемата страна од просторот, каде што зад челичните скулптури поставена беше фонтана што личеше на место да покрстување,но и скулптура која наликува на Посејдон.

Во малиот простор за малку ќе се удрев во Џеф Конс – тој навистина дошол во градот за празниците и го истражувал секоја ќош од камената конструкција.

„Ова е посебно место и јас сум многу возбуден за следната година”, рече Коонс.

“Да…?”

„Да, следната година ќе изложувам тука во текот на летото”, рече Конс.

Морав да го потврдам ова со Јоану, и кога го видов, повторно весел среде мештаните на Хидра, ми потврди дека Кунс – првиот уметник што некогаш го купил, уметникот што ја дизајнирал неговата јахта, најскапиот жив уметник на земјата – конечно ќе има изложба во неговиот уметнички простор на малиот остров Хидра.

Јоану го виде Коонс како оди по патот, се насмевна, ме погледна назад и ми рече: „Не смееш да ја пропуштиш следната изложба”.