Гатузо има големи пофалби за Елмас

5

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо го фали македонскиот фудбалер Елиф Елмас кој беше еден од најдобрите на вчерашниот меч против Интер.

Наполи со 1-0 го победи Интер на негов терен, а Елиф Елмас со својата одлична партија даде голем допринос во победата.

Во отсуство на Инсиње, Елмас ја доби неговата улога и одлично ја одработи зададената задача.

„Елмас може да ја игра оваа улога, има сила и техника. Секако дека може уште да напредува. Тој е играч кој влегува сто проценти во мечот. Не им остава на противниците можност да направат дриблинг. Игра со многу енергија, ги има сите предиспозиции да стане голем играч“, вели Гатузо.