Гаши: Овој ден е на гласачите, тие ќе одлучат кој ќе ја води државата

4

Јас денес го искористив моето право за гласање, но веќе шест години како интелектуално човечко суштество се борам за еден нов систем на вредности кој е многу квалитетен во западните држави и мислиме дека цивилизациските текови треба да достигнат и кај нас, изјави претседателот на Алтернатива, Африм Гаши по гласањето во скопската населба Ченто.

Гаши рече дека како што тој гласал, според протоколите, убеден е дека и сите гласачи можеле без ризик да излезат на гласање.

„Ризикот за инфицирање од ковид при гласање е сведен скоро на нула и затоа мислам дека е многу битно гласачите да излезат и одлучат. Овој ден е нивен и тие треба да одлучат кој ќе ја води државата во следните четири години“, додаде Гаши.