Гвардиола: Доживеав и други тешки порази во Лигата на Шампионите, но…

15

Манчестер Сити ни во шестата година под водство на Пеп Гвардила нема да стигне до трофејот во Лигата на Шампионите. На патот на „граѓаните“ овој пат застана Реал Мадрид кој го елиминираше англискиот состав во полуфиналето со вкупни 6-5, притоа надоместувајќи ја негативата по првиот натпревар.

По мечот за медиумите говореше Пеп Гвардиола кој изјави дека неговиот тим бил подобриот противник во поголемиот дел од мечот, но не успеал да ја исконтролира завршницата во која Родриго за две минути постигна два гола.

„Во поголемиот дел од натпреварот екипата имаше контрола. Игравме добро, имавме и многу добра шанса преку Грилиш… Вистина е дека Реал беше поопасен, а натпреварот го завршија со четвртица напаѓачи и Милитао“, изјави Гвардиола кој потоа беше запрашан дали ова е му е најтешкиот пораз.

„Доживеав и други тешки порази во Лигата на Шампионите како оној во Барселона против Челси, но овој пат бевме многу блиску. Во првото полувреме ни беше тешко, но второто беше подобро. На крајот не успеавме да го исконтролираме натпреварот“