Гвардиола: Прво да видиме дали заслужувам нов договор

6

Пеп Гвардиола сè уште нема намера да разговара за евентуално продолжување на соработката со Манчестер сити и додава дека прво мора да види дали го заслужува новиот договор.

Актуелниот договор на Гвардиола истекува во 2021 година, а менаџерот на „граѓаните“ негираше дека постои клаузула во договорот која му овозможува уште наредното лето да ја напушти екипата.

– Тука сум четири години, на крајот од идната ќе бидат пет години. Тоа е релативно долг период за тренер. За да потпишам нов договор треба да видам дали го заслужувам. Во последните неколку сезони клубот постојано расте и очекувањата од година во година се се поголеми. Тоа не е само моја одлука, но рано е да се размислува на таа тема – изјави Гвардиола.