Гвардиола со искрен одговор за својата иднина, откри дали ќе остане во Манчестер Сити

5

Веќе одреден период се шпекулира дека Пеп Гвардиола нема да го продолжи договорот со Манчестер Сити кој му истекува во 2021 година и дека по неговиот истек кариерата ќе јапродолжи на друго место.

Шпанскиот стратег повторно беше запрашан дали сака да продолжи да го води Манчестер Сити, на што сега Пеп даде поконкретен одговор.

– Отворен сум за продолжување на соработката, да. Удобно ми е во овој клуб, но се зависи од резултатите. Кога си во некој клуб пет години, тоа зависи од резултатите. Ќе видиме што ќе се случи оваа сезона, а потоа и следната, -изјави Гвардиола.