Гвидо Де Санктис нов шеф на мисијата на ОБСЕ во Албанија

0

Амбасадорот Гвидо Де Санктис е новиот шеф на мисијата на ОБСЕ во Албанија.

Санктис е дипломат од кариера на Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија.

Пред да биде назначен за новата функција, тој беше заменик амбасадор во Италијанската амбасада во Москва. Од 2013 до 2017 година беше амбасадор на Италија во Катар и од 2011 до 2013 година генерален конзул на Италија во Бенгази, Либија.

Санктис исто така, работел во италијанските амбасади во Триполи, Берн и Киев.

– Среќен сум што се приклучувам на мисијата на ОБСЕ во Албанија. Ќе ги унапредувам одличните односи меѓу мисијата и земјата домаќин,  изјави амбасадорот Де Санктис по доаѓањето во Тирана и  преземањето на функцијата.