„ГЕНЕРАЛОТ И ПЕПЕРУГАТА“ – нов роман од академик Луан Старова

Македонската академија на науките и уметностите го издаде новиот роман на академик Луан Старова, насловен „Генералот и пеперугатa“.

22

Ова дело е вон повеќетомната „Балканска сага“, со која Старова постигна видна афирмација во земјата и светот. Како мото, во романот нѐ воведува мислата на Ромен Ролан, „Пред бездната на смртта беше спасен од крилјата на пеперугата“.

Старова во делото обработува тематика од Првата светска војна, во кое низ поширок романескен зафат настојува да проникне во судбината на Македонија и нејзиното поблиско опкружување.