ГЕРБ му го врати мандатот на Радев, Бугарија уште еден чекор поблиску до избори

0

Бугарија на уште еден чекор поблиску до избори. Партијата на Борисов, ГЕРБ го прими и во истиот момент му го врати мандатот за формирање влада на претседателот Радев.

Пратеничката група на ГЕРБ-СДС нема да го оствари уставното право да спроведе истражувачки мандат за формирање влада и нема да предложи кандидат за премиер“, му рече на Радев, пратеничката Десислава Атанасова.

Третата и последна шанса да формира влада ќе ја има уште една партија, а амбиции за тоа покажаа бугарските социјалисти, Демократска Бугарија и Има таков народ. За да се формира мнозинство, неопходно е да се обезбеди 121 пратеник..