Германија ги затвори границите (ВИДЕО)

13

Германија поради спречување на ширењето на коронавирусот ги затвори границите кон Австрија, Швајцарија, Франција и земјите од Бенелукс.

Германија од денес наутро ги затвори границите, според договорот на канцеларката Ангела Меркел, министрите за здравство и внатрешни работи Јенс Шпан и Хорст Зехофер и премиерите на германските сојузни држави кои се граничат со тие сојузни држави.

Како што јавува агенцијата ДПА, стоковиот промет меѓу Германија и соседите продолжува да тече нормални. Изземени од движењето се граѓаните кои поради работното место мора да ја минуваат границата.

Германската воздухопловна компанија Луфтханза најави дека до среда ќе врати меѓу три и четири илјади германски државјани од Карибите и Канарските Острови. Главно станува збор од патници од крузери кои поради избивањето на коронавирусот се во карантин во пристаништата.

Германската железница најави ограничување на железничкиот сообраќај поради драматичното намалување на патниците поврзано со фактот дека голем број вработени сега работат од дома.