Германија: За два месеца први резултати од испитувањето вакцина против коронавирус

Биофармацевтската компанија објави на почетокот од оваа недела дека првите значајни резултати може да бидат достапни во септември или октомври и дека, доколку условите се поволни, вакцината би можела да биде одобрена до средината на следната година.

49

Првите резултати од испитувањето вакцина против коронавирусот, која ја развива германската компанија „КјурВац“ (CureVac), се очекуваат за два месеци, пренесува денеска германскиот сајт „Фокус онлајн“.

Биофармацевтската компанија објави на почетокот од оваа недела дека првите значајни резултати може да бидат достапни во септември или октомври и дека, доколку условите се поволни, вакцината би можела да биде одобрена до средината на следната година.

Неодамна беше соопштено дека CureVac доби одобрение за клиничко испитување на својот кандидат за вакцина против коронавирус. Биофармацевтската фирма работи и на таканаречена мРНК вакцина, која ги поттикнува човечките клетки, по вакцинацијата, да произвеуваат протеин што би го отфрлил коронавирусот.