Германија нема да испраќа оружје но е подготвена да испрати дополнителни војници на Балтикот

14

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека е подготвен да испрати дополнителни војници во балтичките земји.

Подготвени сме да направиме се што е потребно за да го зајакнеме германското присуство во операциите на НАТО во балтичките земји“, рече Шолц во интервју за АРД, пред да замине за Вашингтон, каде што ќе разговара со американскиот претседател Џозеф Бајден.

Германија ја предводи операцијата на НАТО во Литванија, каде што се распоредени 500 нејзини војници.

На прашањето дали потребата од засилување може да се реши на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во средината на февруари, Шолц одговори: „Ние сме подготвени да донесеме одлука“.

Претходно министерката за одбрана Кристин Ламбрехт изјави дека Германија е подготвена да го зголеми своето присуство во Литванија.

Шолц оваа недела во Берлин ќе се сретне со лидерите на балтичките земји, а подоцна овој месец ќе ги посети Украина и Русија.

Шолц, кој ја наследи Ангела Меркел во декември, повтори дека Германија нема да испраќа оружје во Украина.

„Германската влада со години има јасна политика да не испорачува оружје на кризните подрачја, што значи дека нема да и доставуваме смртоносно оружје на Украина“, рече тој.