Германија од следниот месец би можела да почне со вакцинирање против корона

17

Германија може да започне со вакцинирање на граѓани против коронавирус веќе следниот месец, најави германскиот министер за здравство, Јенс Шпан.

“Има причина за оптимизам дека вакцината ќе биде одобрена во Европа оваа година. И тогаш можеме да започнеме веднаш”, рече Спан во интервју за германски РНД.

Тој додаде дека побарал од сојузните германски држави да подготват центри за вакцинација до средината на декември, пренесува Ројтерс.

Спан додал дека Германија обезбедила повеќе од 300 милиони дози на вакцина преку Европската комисија, билатерални договори и други опции, што според него е повеќе од доволно и оти остава простор за споделување на вакцината со други земји.