Германија сè уште не ги отвора границите за граѓаните на Србија

31

Германија сè уште не донела одлука дали да ги следи препораките на ЕУ за отворање граници за земји кои не се дел од Унијата, па се чини дека граѓаните на Србија ќе треба да го одложат заминувањето во Германија до понатамошно известување.

„Комисијата на Европската Унија им препорача на земјите членки да ги релаксираат ограничувањата за движење за влез во Европската Унија од 1 јули 2020 година. Владата на Сојузна Република Германија сè уште не донесе одлука дали да ги следи овие препораки. Затоа, ограничувањата за влез во Германија сè уште важат за српските граѓани. За сите измени ќе ве известиме навремено на нашата веб-страница или преку Фејсбук“, се наведува во фејсбук-објавата на германската амбасада во Белград.

Досега, на српските државјани со дозвола за престој или национална виза на Сојузна Република Германија им е дозволено, по правило, да влезат во Германија само доколку патуваат со цел да се вратат во нивното место на постојан престој.

Лидерите на Европската Унија објавија препорака според која граѓаните на 14 земји ќе можат слободно да патуваат во земјите членки на ЕУ од 1 јули. Србија е исто така на тој список.