Германска легенда тврди: Многу клубови може да не преживеат после корона?!

20

Првиот човек на германскиот великан Баерн Минхен, Карлс Хајнц Румениге во екот на пандемијата со коронавирусот, која направи тотален хаос во екој сегмент во светот, посочи дека германската Бунделсига ќе загуби неверојатни 750 милиони евра, ако сезоната се прекине, но уште полошо сценарио најавува дека – многу клубови може да не преживеат после ова.

Коронавирусот веќе го сопре нормалниот живот на планетава, а нормално одложи сè во спортот, па сега веќе се прават пресметките каква штета ќе има сето ова посебно во фудбалскиот бизнис и бројките се застрашувачки за тоа колку фудбалските клуови би загубиле. Сезоните во најелитните лиги се во прекин, а како се развива ситуацијата, во дел од нив, тешко дека воопшто ќе продолжи да се игра фудбал после првично закажание продолженија на шампионатите, по 3 април. Германската легенда Румениге, објави дека најмалку 750 милиони евра ќе биде загубата само во Бундеслигата.

„Короната направи тотален хаос, запре сè, а многу клубови нема да го преживеат овој силен финансиски удар. Сите треба да знаат дека ако се стави сега крај на сезоната, отиде сè во пропаст, за клубовите пред сè. Пропадне ли сезоната, ТВ-договорите се ништовни, а малите и средни клубови ќе доживеат најтежок удар. Можеби големите ќе се спасат, ќе имаат начин како да излезат од ‘рецесијата’, но многу други може воопшто да не ја преживеат короната. Ако се доведете во проблем со ликвидноста, тоа на малку подолг период може да значи – крај. Затоа јас се надевам дека ова брзо ќе заврши“, вели Румениге.

За утре е закажан клучниот состанок на УЕФА со федерациите, клубовите, лигите, здружението на играчи, по што ќе се знае детално што и како после смирувањето на ситуацијата, за која пак никој не знае кога ќе го врати нормалниот живот во Европа, но и светот.