Германска студија со застрашувачки податоци: Секој втор пациент на респиратор умира

107

Секој втор Ковид пациент кој се наоѓа на респиратор, умира, покажува студија од Германија.

Студијата, која е објавенаво весникот „The Lancet Respiratory Medicine”, го следела морталитетот на ковид пациентите. Таа студија дошла до заклучок дека една петтина од лицата, кои се хоспитализирани, умира од последици од коронавирусот.

Кај лицата кои се приклучени на респиратор смртноста за 52 отсто била поголема, покажува анализата на научниот институт АОК на германското интердисиплинарно здружение за интензивна и ургентна медицина, како и Техничкиот универзитет во Берлин.

Од друга страна, само 16 отсто од хоспитализираните ковид пациенти, кои не биле на респиратор, починале.

„Високата стапка на смртност јасно покажува дека на клиниката се наоѓаат голем број на пациенти со тешки облици на заболување. Тешките облици на болести се однесуваат пред се на старите и лицата со претходно нарушено здравје“, нагласил Јирген Клаубер.

Студијата опфатила пациенти кои меѓу 26. февуари и 19. април биле хоспитализирани.