Геце му даде отказ на татко му

Германскиот фудбалер Марио Геце го отпушти неговиот татко кој му беше агент и го ангажираше Реза Фазели.

12

27-годишниот Марио Геце престојното лето ќе го промени клубот, ќе замине од Борусија Дортмунд и ќе се проба во нова средина.

Досега неговиот татко беше и негов агент, но тоа веќе не е така, Геце ја прекина соработката со татко му и најде нов агент, Реза Фазели.

„Среќен сум што ќе соработувам со Фазели и неговата агенција во чија способност не се сомневам. Некое време размислував за ова, му благодарам на мојот татко за досегашниот ангажман“, вели Геце.

Геце има опции да остане во Германија но и да замине во странство. Заинтересирани за него се Баер Леверкузен и Интер.