Главната медицинска сестра и уште две други сестри дале отказ од Инфективната клиника

9

Главната медицинска сестра и уште две други сестри дале отказ од Инфективната клиника, објави синоќа на Фејсбук докторот Ненад Лазаров од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.

Веста за отказите од клиниката ја потврдија и извори за Канал 5.

Тој ги објави и документите од неговите колешки кои се жалат дека нивната работа е непочитувана, иако претставува најважна алка во медицинскиот тим.

– Причините за да ја напуштам клиниката по 28 години, професионална посветеност се многубројни, но би навела само една: непочитување и деградирање на профилот медицинска сестра како една од најважната алка во медицинскиот тим, пишува во барањето на главната медицинска сестра.