ГЛАВНО ЖАРИШТЕ НА КОВИД-СКОПЈЕ: 5005 заразени, 233 починати во целата земја

121

Вчерашниот број на починати пациенти, вкупно 11, е прва двоцифрена бројка во земјава од почетокот на епидемијата до сега. Иако здравствените власти велат дека се очекува епидемиолошката крива да почне да паѓа, и вчера вројот на новозаразени е многу висок, 185, што е 13,5 проценти од вкупниот број на тестирани кој во последните 24 часа изнесувал 1364 тестирања.

Од Итната медицинска помош за Фактор информираат дека во последниот период бројот на пациенти кои ги превезуваат во ковид-центрите во Скопје, односно во ГОБ „8 Септември“, како и на Инфективната клиника, постојано е 30-ттина за 24 часа.

Главното жариште е Скопје, а од скопските општини, Чаир е сè уште на врвот на листата со најголем број активни случаи (363), а следуваат Гази Баба со 148, Бутел (133), Аеродром (129), Центар (126), Сарај (125) и Карпош со 115 активни.

Во вчерашната бројка на ново заразени влезе и градоначалникот Петре Шилегов, како и мајката на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

По два месеца, вирусот повторно се врати во Дебар, каде се регистрирани 18 новозаразени, а најмногу позитивни случаи само во текот на вчерашниот ден има и во Струга (20), Тетово (14), осум во Ресен, седум во Охрид, четворица во Штип, тројца во Кичево, по двајца новодијагностицирани во Куманово, Велес, Битола, Кавадарци, Гостивар и Свети Николе и по еден нов случај во Прилеп, Крива Паланка и Пробиштип.