Гладијаторските борби се враќаат во СТОБИ – овојпат виртуелно

72

На социјалните мрежи се најавува уникатна можност за посетителите на археолошкиот локалитет Стоби да присуствуваат на виртуелна гладијаторска борба во театарот на Стоби во како во старите времиња. За првпат во земјава е изработена апликација за виртуелно доживување на археолошки локалитет која посетителите ќе ги врати во минатото и ќе можат барем виртуелно да ги доживеат тие случувања и моменти.

Преку проектот „Откривање на римскиот град Стоби – Виртуелено искуство“ кој е изработено со цел да ја зголеми туристичката понуда на Стоби, со обезбедување нови искуства на локалитетот.

„Користењето на технологијата во промоција и доближување на културното наследство е можност да се привлечат повеќе посетители, пред сѐ нова млада публика“ – соопштија од Националната установа „Стоби“.

Ввиртуелната реалност ќе им овозможи на посетителите на Стоби да добијат седиште во прв ред во 3Д реконструираниот театар и на тој начин да ја доживеат гладијаторската борба како дел од публиката во гледалиштето. Ова искуство ќе биде збогатено со автентичната атмосфера карактеристична за еден ваков настан од тоа време, како и со големината и монументалноста на овој објект.

Проектот е финансиран од Европската Унија а поддржан од Регионалниот совет за соработка (Regional Cooperation Council). За неговата реализација се задолжени Центарот за социјални иновации Блинк 42-21 од Скопје и Националната установа за управување со археолошкиот локалитет „Стоби“.

Од НУ „Стоби“ информираат дека оваа можност за виртуелни гладијаторски борби на локалитетот Стоби наскоро ќе биде достапна за посетителите.