Гласање за избор за најдобрите во е-трговијата до 15 февруари

4

 

За само неколку денови повеќе од 4000 граѓани гласaле за е-трговците кои се номинираа на Изборот за најдобрите во македонската е-трговија – Ecommerce Awards 2022, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Изборот за најдобрите е-трговци се организира втор пат  со цел, како што информиарат од Асоцијацијата, да ја препознае и награди напорната работа на домашните е-трговци во изминатата година, да се подигне свеста за е-трговијата во јавноста и да поттикне зголемување и подобрување на понудата во е-трговијата.

Право на глас има пошироката јавност, односно. секое физичко лице. Секое лице може да гласа еднаш и при тоа, гласа во категории по сопствен избор и може да даде еден глас во секоја категорија. Категориите кои се задолжителни за гласање се: ‘Е-трговец на годината’ и ‘Најпопуларна е-продавница’, додека сите други категории се опционални. Гласањето од страна на публиката е бесплатно и е отворено заклучно со 15 месецов. Гласањето може да се направи на следниот линк.

– По завршување на гласањето од публиката ќе следува гласање од внимателно оформената жири комисија која се состои од експерти во повеќе области и е составена за да допринесе во изборот на најдобрите е-трговци во сите категории, освен за категоријата ‘Најпопуларна е-продавница’ во која наградата ќе се додели единствено врз основа на бројот на гласовите од публиката, соопштија од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.