„Гласен Текстилец“ ќе поведе иницијатива пред Уставниот суд за колку колективните договори се еднакви и имаат иста примена за сите работници

14

 

„Гласен Текстилец“-Штип и правни експерти во 2023 година ќе покренат иницијатива пред Уставниот суд колку колективните договори во државните институции, општините, но и во реалниот сектор се еднакви и имаат иста примена за сите работници. Ова доаѓа по едногодишната  анализа  на член 12 од Законот за работните односи кој се однесува на колективните договори и уназадувањето на работничките права преку истите, наспроти тоа што колективните договори треба да бидат далеку поповолни со поголеми права за работниците од самиот Закон за работни односи. Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“-Штип вели дека кога ќе се види колективниот договор за приватниот сектор законски е што работадавачите исплаќаат К 15 од 100 денари.

-Зошто е тоа така, зошто е оставено слободно толкување, потоа  зошто синдикатите не се на страната на работниците, како и зошто е оставена таа дупка во колективните договори, каде што се вели дека доколку фирмата има економски потешкотии може да исплати и пониска сума, од предвидената сума за К 15. Секоја година нели порастот на просечната плата се покачува сумата за К 15. Меѓутоа, тоа во случајот не значи ништо, нема наведено која е минималната сума. Така да тие работи се случуваат и со колетивните договори во јавната администрација, вели Ампева.

Трајче Ристов правен експерт, кој беше вклучен во анализата за колективните договори во јавниот сектор забележува дека вработенитe во 1995 година имале поголема заштита на своите права за разлика од вработените кои  денеска работат во овој сектор. Посочува дека во моментов  колективните договори кои се потпишуваат немаат за цел заштита на работничките права.

-Посоечката двомесечна анализа којашто како право на заштита ја имале оваа картегорија на вработени, фактотот што сега е изземено укажува на тоа дека оваа категорија на граѓани имале поголеми права на заштита. Денеска е оставено на законските норми, додека колективниот договор не предвидува ваква заштита, вели Ристов.

Недостатоци има и кај одредбата за исплатата на регрес за годишен одмор.

-Конкретно за општините дали ќе предвидат средства во буџетите, додека тоа истото не е случај со истата категорија на вработени во останатите државни органи што ќе каже дека овие работници на еден начин се дискриминирани. Факт се и последните случувања односно корекции кои можам да кажам дека се позитивни, кои упатуваат на ваков тип на исплата на К 15,  но по многу добиени судски случаи, истакнува  Ристов.

Анализите на „Гласен текстилец“ укажуваат дека колективните договори кои се потпишуваат не ги доволно штитат работничките права и во текстилната индустрија.

-Околноста која предвидува неплатена прекувремена работа на работник во текстилната индустрија во случај кога работодавачот ќе утврди дека работникот не ја исполнил нормата и заради спасување од отказ ваквиот работник би можел на еден начин бесплатно да работи , што за мене е првен нонсенс, вели Ристов.

Анализата опфаќа неколку теми кои се разработени, со цел да се долови каква е ситуацијата со врабтените во државата., забележува Ампева.  Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец” од Штип оваа анализа ја реализираше во рамките на  проектот „Организирани граѓани за организирана иднина” со финансиска поддршка од Олоф Палме интернационалниот центар и Кралството Шведска.