Годинава исплатени 23 милиони евра државна помош за компаниите

4

 

Во 2022 потпишани се нови 277 договори, убедливо најголема бројка од носење на Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Ова е трета година по ред кога компаниите кои реализирале инвестиции, финансиската поддршка ќе ја добијат во целост, односно државната помош кон компаниите ќе биде исплатена сто проценти. Годинава имаме рекордна исплата од вкупно 23 милиони евра, како и рекорден број на поддржани компании со државна помош – 410 по Законот.

Ова денеска го соопшти вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи на прес-конференција во Владата на која ги презентираше исплатите за државна помош за 2022 година по основ на Законот за финансиска поддршка на инвестиции.

– Само во оваа година се поддржани 645 компании по Планот за економски раст, односно Законот за финансиска поддршка на инвестиции, за ФИТР, како и Законот за контрола на државната помош. И оваа година продолжуваме со силна поддршка кон компаниите за инвестиции кои ја зголемуваат нивната конкурентност со нови производствени процеси, воведување на нови технологии и креирање на подобро платени работни места. Од 2017 до 2022 имаме потпишано вкупно 630 договори од кои моментално активни се 546 договори, додека 84 се завршени договори по различни основи, од нив 69 комапнии ги завршиле инвестициските циклуси, додека 15 побарале спогоднено раскинување на потпишаните договори, појасни Битиќи.

Во овие пет години, дополни тој, дел од инвестициските циклуси на компаниите се завршени земајќи предвид дека вообичаено договорите за поддршка се склучуваат на три до пет години.

– Годинава имаме рекордна исплата од вкупно 23 милиони евра, како и рекорден број на поддржани компании со државна помош – 410 по законот за финансиска подршка на инцвестиции. Бројот на компании како и буџетот за поддршка расте од година во година. Во 2017 имавме 3,2 милиони евра исплатено, годинава ја завршуваме на 23 милини евра исплатена државна помош. Годинава имаме зголемување од 79 проценти на исплатена финансиска поддршка, или во споредба во 2021 се 12,9 милиони евра, а оваа година 23 милиони евра. Годинава пристигнаа вкупно 436 барања за исплати од компании кои ги исполнуваат условите. Од нив 410 ги исполнија условите и им е одобрена финансиска поддршка за инвестиции согласно Законот, рече Битиќи.

Во 2022 година, како што рече, бројот на поддржани компании надвор од Скопје е зголемен за 150 проценти за разлика до 2021 година. Тогаш бројката била 93 компании, а годинава 232 компании поддржуваат надвор од Скопје.

Процентуално распоредување на финасиска поддршка силен доказ дека оваа влада е посветена на поддршка на стопанството. Зголемена е поддршката за инвестиции во истражување и развој во приватниот сектор. Оваа година само по основ инвестиции во истражување и развој поддржани се 15 компании, со 1,9 милиони евра.

– Во оваа година вкупната државна финансиска поддршка по Законот на финансиска поддршка на инвестиции и Законот за контрола на државна помош се исплатени рекордни 45 милиони евра. Ги избришавме разликите меѓу домашните и странски компании. Денес сите компании што работат во земјава се наши компании, домашни, заклучи Битиќи.