Голема акција на полицијата: Се апсат фалсификатори од МВР

238

Претпладнево во голема полициска акција се уапсени десетина полициски службеници кои биле дел од ланец за фалсификување на патни исправи и лични документи !

Канал 5 ТВ дознава дека по повеќе од година дена истрага и документирање на дејствувањето на криминалната група, МВР во координација со Канцеларијата за истраги на Американската амбасада и Интерпол спроведува голема акција која се уште трае.

Од извори за Канал 5 велат дека вчерашниот брифинг организиран од една политичка партија бил во насока да се саботира оваа меѓународна акција.

Од МВР пак само ни потврдија дека во тек е голема акција, а детали најавуваат по нејзиното завршување.