Голем оптимист сум, верувам дека ќе имаме резултати секоја недела, вели бугарскиот премиер

16

Голем оптимист сум и верувам дека ќе ги видите резултатите кои ќе доаѓаат секоја недела, рече бугарскиот премиер Кирил Петков одговарајќи на прашањето дали се прифатливи одговорите на македонската страна за 5+1 барањата на Бугарија.

Петков не ги коментираше директно одговорите, но на прес-конференцијата со премиерот Ковачевски порача дека следува нов дијалог и оти работните групи кои ќе се формираат ќе стават акцент на специфичните прашања.

„Можам да го кажам тоа што реално направивме беше фокус на заедничката работа и календар за следните месеци. Оттука натаму тоа ќе биде новиот дијалог. Се фокусираме на сите работи кои се заеднички и имаат можности за збогатување на нашите односи и заедно со нив самите работни групи ќе стават акцент на специфичните прашања кои треба да ги решиме. Но, во целина можам да ве уверам дека денеска сум голем оптимист за нашите заеднички активности и верувам дека резултатите кои сите ќе ги видите ќе доаѓаат секоја недела“,

одговори Петков.
Тој додаде оти се надева дека секоја од страните, и Бугарија и Северна Македонија, се надеваат оти ќе има резултати многу бргу.

СПОДЕЛИ