Голем пожар го зафати стадионот во Тетово, изгореле и столчиња на трибините (ВИДЕО)

0

Синоќа изгоре дел од Градскиот стадион во Тетово, пожарот избувнал во подтрибинскиот простор, изгорел дуќани кои се наоѓале таму, но зафатил и дел од трибините, изгореле столчиња.

 

Цели 70 минути траела борбата на пожарникарите со огнената стихија. Пожарот кој избил во подтрибинскиот простор почнал во 20.35, а бил изгасен во 21:45. Четири возила со девет пожарникари го гаснеле. Направена е голема материјална штета.

„Изгореа и дел од столчињата на стадионот. На почеток бевме доведени во опасност поради ‘фрлање на струја’, односно ненадеен проток, кратки споеви, експлозии и бидејќи водата е спроводник не можевме веднаш да интервенираме и тоа го сторивме откако беше исклучена струјата. Со употреба на пена спречивме понатамошно прошириување на огнот“, рекол командирот на противпожарната бригада Ука Алити.