Голот на Леао е најбрз во историјата на ТОП 5 лигите во Европа (ВИДЕО)

26

Рафаел Леао вчера постигна гол за Милан на гостувањето кај Сасуоло за само 6,76 секунди од почетокот на натпреварот.

Погодокот веднаш стана најбрз гол во историјата на Серија А, но италијанските медиуми открија дека се работи за најбрзиот гол во историјата на ТОП 5 лигите во Европа.

Досега никој не постигнал гол под седум секунди во најсилните европски натпреварувања. Втор на листата е Хозеба Љоренте од Ла Лига, кој постигнал гол за Ваљадолид во 2008 година за само 7,22 секунди. Потоа следува Шејн Лонг од Саутемптон, кој го има најбрзиот гол во Премиерлигата за 7,69 секунди во 2019 година. Најбрзиот гол во Лига 1 е постигнат од Мишел Рио за 8 секунди и тоа во 1992 година, додека во германската Бундеслига најбрзиот гол е дело на Кевин Воланд во 2015 година во дресот на Баер Леверкузен.