Господин Тимотеј: Следниот месец очекуваме да бидеме повикани во Цариград

11

Портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА коментирајќи ја за „Слободен печат“ вчерашната средба меѓу Вселенскиот Патријарх Вартоломеј и македонската политичка делегација, вели дека црквата очекува решение.

– Во секој случај, како црква очекуваме позитивни реакции и решение, поради тоа што Вселенскиот Патријарх наговестува дека ќе организира средба. Очекуваме да бидеме повикани таму идниот месец, поконкретно. Ниту сме седнале првпат со Српската црква, ниту последен пат – ни изјави господин Тимотеј.

Во официјалното соопштение на Вселенската Патријаршија, стои дека Патријархот Вартоломеј ја примил делегацијата на Македонија на нејзино барање и дека со цел да се реши проблемот на непризнаената МПЦ, одлучил да се поканат во седиштето на Вселенската Патријаршија претставници од Српската Православна Црква и од МПЦ-ОА за советување и за обид за изнаоѓање на заеднички прифатливо решение.