Гостивар: Таравари и Бејта сепак одат во втор круг

9

Од обработените гласови од сите 121 избирачки места, според резултатите објавени на веб -страницата на ДИК, во Гостивар најмногу гласови освои кандидатот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари – 15.724, или 49,88 проценти од гласовите. Втор е кандидатот на ДУИ, Невазат Бејта со 41,84 проценти или 13.190 гласови.

Според резултатите, во оваа општина ќе има прегласување во втор круг.

Како што покажуваат податоците на ДИК, ДУИ во прв круг ги има освоено општините Сарај (освоени 73,10% отсто од гласовите), Липково ( освоени 72,59% од гласовите) и Пласница ( освоени 76,65% од гласовите).

Таравари од Алијанса на Албанците синоќа прогласи победа во Гостивар во прв круг.

– Победуваме во прв круг со 55 осто освоени гласови, односно 16 илјади гласови од вкупно 31 илјади гласови на избирачи. Се надеваме дека ДУИ нема да направи некој криминал во општинската изборна комисија. Со сите записници ова се гласовите што се регистрирани. Им честитам на сите гостиварчани што го направија овој избор. Ние имаме уште еден мандат добиен во првиот круг, изјави Таравари.