Готово е, Конте си заминува од Интер!

6

Навивачите на Интер се шокирани од сензационалната вест која ја пласираше најчитаниот италијански весник „Газета дело Спорт“ дека тренерот Антонио Конте го напушта клубот веднаш откако ги донесе „нероазурите“ до титулата, прво Скудето на тимот од Милано по пауза од десет години.

Веста ќе биде официјално потврдена во следните 48 часа, пишува најугледниот спортски дневник на светот.
Како што пишува „Газета“ причината за е тоа што Конте не се согласува со еден од сопствениците на Интер, Стивен Жанг, кој неопходно бара кратења во тимот. Тој го води клубот во име на кинеската корпорација Сунинг, која поседува 68.55 проценти од Интер.

Кинеските сопственици потенцираа две цели што клубот мора да ги исполни до почетокот на следната сезона, а тоа се профит од 100 милиони евра и 20% намалување на платата за играчите. Постојат две причини зошто шефовите на Интер најавија кратења по историската титула наместо да го засилуваат тимот со цел да ги прекинат низата дебакли во Лигата на шампионите.

Коронакризата тешко го погоди Сунинг, кој затоа го укина својот кинески клуб Јиангсу по освојувањето на кинескиот шампионат во 2020 година. Распаднатиот клуб се уште им должи на играчите милиони евра како неисплатени плати и бонуси. Што се однесува до Интер и неговата финансиска состојба, таа е направена речиси безнадежна со неодамнешниот декрет на кинеските комунистички власти, со кој им се забранува на тамошните бизнисмени да инвестираат во странство од приходите остварени во Кина. Мерката донесена за да и помогне на кинеската економија да се опорави од глобалната криза толку силно го погодува кинескиот италијански гигант.

На Интер очигледно не му помогна заемот од 275 милиони евра од американскиот инвестициски фонд Оактри. Според италијанските медиуми, оваа сума, иако значителна, ќе се искористи само за отплата на долговите и краткорочните инвестиции.

Интер се наоѓа во тешка финансиска состојба. Конте заработува 12 милиони евра по сезона, што го прави најскап тренер во Серија А. На пример, Мурињо ќе биде прв до него по месечни примања, со заработувачка во Рома од само три милиони евра. „Газета“ открива дека Интер сепак му должи на Конте милион евра за минатата сезона.

Италијанскиот весник додава дека Конте не е лут поради ова, ниту поради неопходното и значително намалување на огромната плата, но дека не може да го засили тимот за напад ан титулата во Лигата на шампионите. Во кариерата Конте освои три последователни титули во Италија со Јувентус (од 2012 до 2014 година), беше шампион со Челзи во 2017 година во Премиер лигата и освои скудето во својата втора сезона со Интер. Сепак, како и во претходните клубови, тој не направи ништо во Лигата на шампионите. Покрај тоа, тој доживеа дебакл. Минатата сезона беше само трет, а оваа четврти, последен во групата.