Градинките почнаа со работа – Шахпаска: Предност имаат деца на самохран родители или родители кои мора да се на работното место

9

Симоновски за пожарот во зградата на Инспекторатот за животна средина: Ниту еден хидрант во зградата не работи

Градинките денеска ги отвораат вратите за децата. Министерката за труд и социјална работа, Јагода Шахпаска беше во посета на градинката „Буба Мара“ во населбата Аеродром.

Шахпаска уште еднаш апелираше на почитување на протоколите. Напомена дека утрово добро се одвивал приемот на децата во градинката. Протоколот предвидува ограничен број на дечиња од група, посебен режим на исхрана, како ќе се одвива одморот, спиењето, играњето на децата во градинките. Апелот е повеќе настава на отворено.

– Проценките на МТСП велат дека согласно протоколот во градинките има место за повеќе од 19.000 деца. Предност имаат деца на самохран родител или родители кои работат, а двајцата мора да се на работното место. Според податоците од градинките нешто повеќе од 14.000 деца се пријавени за посетување градинка, а има место за повеќе од 4.000 деца. Апелирам до сите чинители кои се вклучени во згрижувањето на децата од претшколска возраст при најмал сомнеж за Ковид-19 кај детето да алармираат. – рече Шахпаска.

Таа апелираше воспитувачките и учителките да седат цел ден во својата група, да нема групирање за пиење кафе, за да се заштитат сите од ширење на болеста.