Градоначалникот Курто Дудуш призна дека е виновен и доби само опомена

7

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, на судењето денеска призна дека го нападнал Демир Исмаил на одржувањето на ромскиот бал и рече дека жали за стореното.

Судијата Ѓоко Ристов, му изрече само судска опомена.

Исмаил рече дека има уште една постапка против Дудуш и дека ќе бара отштета од градоначалникот, а парите ќе ги донира.