Градоначалничката на Драч поднесе оставка за непромислената изјава за земјотресот

15

Градоначалничката на Драч, Валбона Сако. поднесе оставка на функцијата управител на вториот град по големина во Албанија по непромислената изјава за силниот земјотрес со трагични размери.

Сако наиде на силен медиумски притисок откако изјави „дека е среќна што починале само 50 жртви во природната катастрофа“.

Градоначалничката ова го кажа во контекст дека можело да има многу повеќе настрадани, но сепак мораше да си даде неотповиклива оставка.