Градоначалничката на Софија го прекина маршот за поддршка на Русија

10

 

Градоначалничката на Софија, Јорданка Фандакова, издаде наредба за прекин на митингот под наслов „Мир, неутралност, суверенитет“, соопшти прес-центарот на општината.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, настанот не бил координиран со општината, бил откажан врз основа на информации добиени од Агенцијата за национална безбедност.

Обвинителството го извести министерот за внатрешни работи на Бугарија по повод информациите добиени од градоначалничката на Софија за настанот објавен на социјалните мрежи. Фандакова го информирала Обвинителството дека добила два дописа – од општински советници од групата на „Демократска Бугарија“ и од претставници на партијата „Код“ за одржување масовен настан објавен на социјалните мрежи на 10 декември, што можеби е „со цел насилно менување на уставниот поредок и територијалниот интегритет на земјата“ и дека настанот може да биде „спротивен на одлуките на ЕУ“, соопшти Обвинителството.