Градоначалникот на Бутел позитивен на ковид-19

26

Градоначалникот на Бутел Велимир Смилевски на својот Фејсбук профил синоќа соопшти дека е позитивен на Ковид-19. Aпелира до граѓаните да не го потценуваат ризикот од болеста.

„И покрај строгото почитување на мерките, сакам да ве информирам дека денеска, по благите симптоми што ги имав, веднаш направив тестирање на ковид-19 и резултатот е позитивен“, напиша Смилевски.

Тој во пораката апелира да не се потценува ризикот од зараза и повикува на максимална внимателност на граѓаните.

„Доколку кај себе или кај вашите блиски забележите и најмал симптом, консултирајте ги матичните лекари и не одбивајте да се тестирате. Изразувам жалење и се извинувам доколку несвесно последниве денови сум довел некого во незавидна позиција“в, пишува Смилевски на ФБ.