Град Скопје го раскина договорот за тунелите под Кале

76

Град Скопје одлучи да го раскине договорот за проектирање на тунелите под Кале. Договорот беше склучен со фирмата „Мега инженеринг консалтинг АД“ од Турција. Но, поради тоа што не ги испочитувале роковите за изработка на проектот, е одлучено договорот да биде раскинат.

Градот на 12 јуни 2019 година склучи договор со турската компанија, која за шест месеци требаше да ја проектира сообраќајниците, мостот преку Вардар и тунелите под Кале. Поради сложеноста на проектот и пандемијата на коронавирусот, рокот беше продолжен, но и тој рок не е испочитуван.

„Активирана е банкарската гаранција, наплатено е за неиполнување на одредбите од договорот. Подобро да изгубиме една година отколку да добиеме лош проект, што потоа не можеме да го реализираме. Нема да дозволам да добиеме неквалитетен документ за толку важен проект кој ќе го смени изгледот на градот“, вели градоначалникот Петре Шилегов, пренесува САКАМДАКАЖАМ.

Шилегов вели дека не се откажува од овој капитален проект за Скопје, најавува нов тендер за проектант.