Граѓаните да бидат спокојни, склучуваме договори со сите производители на вакцини, вели Заев

7

Граѓаните треба да бидат смирени во однос на набавката на вакцини во нашата земја и наскоро ќе имаме дози од повеќе производители.

Ова денеска го истакна премиерот Заев на новинарско прашање за тоа кога се очекуваат кинеските вакцини и руската вакцина на „Спутник“.

„Народот треба да е спокоен. Склучуваме договори со сите произведувачи на вакцините. До крајот на февруари треба да ги очекуваме кинеските вакцини. Верувам дека ќе стигнат. За Спутник ќе ги знаеме деталите кога ќе се случат одредени папирологии и договори. Ќе ги имаме и кинеските, руските, вакцини обезбедени преку Ковакс системот“, рече Заев.