ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ГИ ИГНОРИРААТ СИМПТОМИТЕ: Во Белград е откриен западнонилскиот вирус

6

Западнонилскиот вирус e откриен во Белград.

Лабораторијата на Секторот за екологија и подобрување на животната средина на ЈКП „Градска чистота“ го открила овој вирус. Ги предупредуваат граѓаните да користат средства за отстранување комарци и мрежи за заштита, како и да избегнуваат да остануваат надвор од 19 часот до полноќ.

Директорот на ЈКП „Градска чистота” Марко Попадиќ вели дека граѓаните не треба да ги игнорираат симптомите. Ако имаат осип, температура, главоболка, да се јават на лекар. Oвој вирус може да доведе до фатален исход. Во повеќе земји од регионот претходните години беше регистриран овој вирус.