Граѓаните најдоцна до утре да достават ажурирани податоци до банките за помошта од 6.000 денари

93

Државната помош која се дава на граѓаните, повторно направи гужви пред банките. Граѓаните кои треба да ги подигнат средствата не се доволно информирани каде и како можат да ги подигнат.

Откако се направија гужвите на граѓаните им беше кажано дека парите можат да ги извадат и преку банкомат, а оние кои немаат ажурирани податоци дека мораат да ги ажурираат и тоа до утре.

Доколку тоа не го сториле претходно и не ја користат сметката редовно, мора да ажурираат податоците до 25 декември. Додека граѓаните со блокирани сметки ќе ги добијат парите, ама мора да дадат ажурирани податоци за да им се отворат наменски сметки.

Од Владата се децидни, а така пишува и во Законот дека граѓаните со блокирани сметки секако ќе ја добијат помошта. Од Владата смируваат и велат дека без оглед на ситуацијата, сите кои ги исполнуваат условите ќе ги добијат парите.

Помошта ја добиваат 283.000 граѓани од ранливите категории.