Граѓаните на Македонија сакаат да се вакцинираат со Спутник или Фајзер

141

Околу 57 отсто од анкетираните граѓани се изјасниле дека би се вакцинирале против ковид-19, 24,5 испитаници не би се вакцинирале, а 17,8 проценти се нерешителни дали би се согалсиле. Од испитаните, најмногу од нив посакуваат да примат руска вакцина, а речиси исто толку би се вакцинирале со фајзеровата вакцина.

Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе телефонско истражување во периодот помеѓу 11 и 14 април 2021 на 1.112 полнолетни испитаници на ниво на државата.

Руската вакцина Спутник V најголем процент од анкетираните ја сметаат за најдобра, 21,8 проценти би сакале да ја примат оваа вакцина, додека 21,6 отсто ја посакуваат фајзеровата вакцина. Не би правеле проблем која и да е вакцина на располагање 13,8 отсто од анкетираните, 6,2 проценти би сакале да имаат можност да бидат вакцинирани со вакцината на Астразенека, додека само 4 проценти се за кинеската Синофарм. Не сакаат со ниту една вакцина да бидат имунизирани 16,1 отсто од анкетираните.