Граѓаните на Србија се најмалку задолжени од земјите во поранешна Југославија, каде се Македонците

16

Граѓаните на Хрватска се најзадолжени со вкупен долг кон банките по основ на заеми од 18 милијарди евра, а најмалку задолжени се жителите на Црна Гора, приближно 1,39 милијарди евра, според јануарските податоци на шест централни банки од земјите на поранешна СФРЈ, анализира Бизнис.рс.

На второ место според вкупниот долг се Словенците со износ од 11 милијарди евра, додека граѓаните на Србија се на трето место со износ од 10 милијарди евра. На четврто место се граѓаните на Босна и Херцеговина со 5,07 милијарди евра, а потоа на Македонија со 3,01 милијарди и на Црна Гора со 1,4 милијарди евра.

Меѓутоа, кога се гледаат вкупните износи на долгот во однос на бројот на жители, излегува дека граѓаните на Србија се најмалку задолжени во споредба со другите земји кои потекнуваат од поранешната заедничка држава, пишува порталот Бизнис.рс.

Според висината на личните долгови по основ на кредити, најзадолжени се Словенците со износ од 5.286 евра, потоа следуваат Хрватите со 4.208 евра, Црногорците со 2.239, граѓаните на БиХ со 1.536 евра, Македонците со 1.452 евра и на крајот Србите со просечно 1.443 евра долг.

Интересно е да се види колку пораснала задолженоста на граѓаните во овие земји во текот на пандемиската 2020 година.

Општо земено, порастот е на ниво на неколку проценти – најмалку во Хрватска (1,8 проценти), а најмногу во Србија, со 11,2 проценти, пишува порталот.

Споменатото зголемување во Србија е делумно последица на мораториумот за отплата на заемитте, каде граѓаните не мораа да ги враќаат долговите повеќе месеци во два наврати, додека од друга страна продолжи кредитната активност, односно земањето заеми од деловните банки