Граѓаните не го разбираат новиот тарифник на струјата

0

Ниту го разбираат новиот тарифник за струја, ниту пак знаат дека има калкулатор за пресметка на потрошувачката.

Дел од граѓаните, особено оние повозрасните со низа нејаснотии за новите цени на струјата кој вчера ги објавија РКЕ и за начинот на пресметките.

Велат буквално ништо не им е јасно, но во едно се сигурни дека фактурите ќе бидат повисоки.

Со новиот скок на цената на струјата велат луѓето ќе добијат уште едen нов удар врз семејниот буџет.

И дел од експертите се согласни дека голем дел од луѓето не разбрираат што значи новиот тарифник и дека ѓраѓаните не ги интересираат пресметки туку колку на крајот ќе треба да платат и зошто е цената зголемена.

Планое е ЕВН да ги чита броилата на 30 дена. Од компанијата велат дека ќе се обидат како и до сега тоа да гоправат во определниот период.

Ако читањето е на подолг период, во тој случај ќе се зголеми границата на потрошени киловати во блокот. ЕВН веќе прави напор да го прошири тимот. Преку оглас бара да вработи нови отчитувачи.

Од РКЕ пак тврдат дека со тарифникот ќе се напрваи притосок ЕВН навреме да ги чита броилата.

Вчера регулаторна соопшти дека цената на струјата од први јули во просек ќе се зголеми за 7, 4 проценти. Поскапување на киловатите ќе има кај сите домаќинства и оние кои се во првиот и оние од последниот блок.

Најмало покачување од 5, 5 проценти ќе добијат оние кои ќе трошат до 210 киловат часови, а најголемо зголемување на цената за дури 140 отсто ќе имаат оние од последниот блок, со потрошувачка над 1.050 киловати. Минимално поскапува и евтината струја.

На страната на регулаторна е поставен и калкулатор со кој граѓаните можат да пресметаат врз основа на потршените киловати во висока тарифа, колку ќе треба да платат.