Гром предизвика пожар во четири куќи во Прилеп

0

Минатата ноќ удрил гром во една куќа во Прилеп, при што бил предизвикан пожар кој зафатил уште четири куќи.

На терен интервенирале екипи на противпожарната бригада, при што пожарот бил изгаснат околу 3 часот по полноќ.

Се очекуваат повеќе информации во текот на денот.