Груби: Апсурдно е да разговарам за употребата на албанскиот јазик со тројца Македонци

5

Артан Груби од ДУИ смета дека воопшто не треба да се дискутира за Законот за употреба на јазиците, бидејќи употребата на мајчиниот јазик било право дадено од Господ. Ова тој го истакна во вечерашното гостување на ТВ Телма.
-Се двоумев цел ден дали да учествувам во емисијава, бидејќи сметам дека е апсудрдно да разговараме за употреба на, од Господа дадено право за упореба на мајчин јазик, за каква употреба и да станува збор, особено со вас тројца Македонци. Апсурдна е реакцијата на сите македонски партии, па и медиуми, топ тема најчувствителна тема да биде Законот за јазици, за употребата на албанскиот јазик. Законот се имплементира веќе една една година, и еве Македонија постои како што си беше. Апсурдна е дебавата, посебно да разговарам тука со вас за употребата на албанскиот јазик, вели Груби.

Груби откри дека ДУИ знаела дека пред Венецијанската комисија бил испратен целиот закон. ДУИ очекувала да бидат испратени само делови од законот, вели тој, додавајќи дека пракса на Венецијанската комисија е да се носат законите пред да бидат усвоени а не откако ќе бидат донесени.
“Во владата договорот беше за три точки, парите, хартиите од вредност и униформите, тоа е член 8 параграф 1 или 2 ако не се лажам, кој што се тргна од предлог законот кој што се усвои во влада и после дојде во Собрание. Не сме согласни целиот закон да се разгледува од Венецијанската комисија затоа што законот всушност одредува материја од Охридскиот рамковен договор и го заокружува нормативниот дел. И затоа што се виде дека целото општество доби од усвојувањето на законот:, рече Груби.