Груби: Една третина од рамковните административци од денеска на работа

43

Една третина од рамковните административци или вкупно 349 вчера ги потпишаа решенијата и од денеска може да почнат со работа, рече синоќа во телевизиско гостување првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби.

Груби напомена дека повеќето од овие лица, 143, се распределени во МВР, а останатите во царинската управа, УЈП, Агенцијата за вработување,… согласно етничката структура, се работи, претежно за Албанци, но и има и Роми, Македонци, Срби и турци.

До крајот на неделата, нагласи Груби, ќе се заврши со решенијата за сите рамковно вработени, а најдоцна за две недели сите ќе почнат со работа.

Тој тврди дека рамковните вработувања не се нови, со нив нема да се зголеми бројот на јавната администрација, ниту ќе има какви било финансиски импликации.